Адреса: ул.7-ми Септември 55, 1430 Кавадарци
Телефон: 075 414 717, 071 217 777
Град: Кавадарци ·
Web site: https://www.kolmakogroup.com  
E-mail: [email protected]   [email protected]  

работно време:

Пон - Пет
08:00 - 16:00
Сабота
10:00 - 16:00


Нашата компанија врши организација на секаков вид на транспорт во зависност од потребите на нашите клиенти. Превоз на обична (нормална роба ) со камиони церади – шлепери, кои во зависност од видот на робата имаат можност за утовар од страна, од горе или од позади целосно опремени со стеги, безбедносни каси и дополнителна потребна опрема. Превоз на роба која подлежи на температурен режим во посебни типови на камиони – ладилници, опремени со термокинг апарат за достигнување на потребната температура и термограф за приказување на температурниот режим при целиот транспорт на робата. Превоз на роба на замрзнивање и одржување, секаков вид на овошје, зеленчук, месни и млечни производи како и суровини за производство.Превоз на текстил во посебни камиони (фургони) за целосна заштита од надворешно влијание, прашина, дожд и сл. Превоз на секаков вид на контињери (20, 40 и 45 ) со камиони - платформи. Нашите камиони поседуваат дозволи за внатрешен и надворешен транспорт и се упраувувани од професионални возачи со долгогодишно искуство.Превозот и безбедноста на Вашата роба е наша одговорност, а Вашето задоволство наш успех. Компанијата КОЛМАКО ГРОУП исто така се занимава и со производство и продажба на лична заштитна опрема (ХТЗ). Нашата компанија веќе подолго време опстојува на пазарот со препознатлив квалитет и удобна заштитна опрема која создава чувство на безбедност при секоја работа. Ние располагаме со голем асортиман на високо квалитетни материјали за изработка на најразлични видови заштитна опрема: Високо квалитетни работнички одела (испишување на лого, разни флуоросцентни траки - по желба на клиентот). Заштитни ракавици; Сигнализирачки елеци; Eднократни комбинезони; Заштитни мантили. Голема понуда на заштитни чевли и чизми, заштитни средства за глава и тело, шлемови, и останати додатоци за заштита на дишните органи.Нашите производи се одликуваат со врвен квалитет и удобност кои на работникот му овозмозуваат сигурност и заштита при работењето.Наши клиенти се: "Фени индустри", "Тец-Неготино", "Тиквеш", "Паркови и Зеленило", "Кожувчанка", "ИГМ", "Урбан Инвест" , "Деспина-Кавадарци"," Гранична полиција", "Ником-Кавадарци"," Алијанс оне"... и многу други.Co текот на годините стекнавме голем број на задоволни партнери и клиенти, а нашето искуство е само мотив да продолжиме со успешна работа.




Насока

Колмако Гроуп